Компанијата Sony има намера да ги врати во продажба нешто поретките и поомилени бои на DualShock 4 контролерот овој месец.
Доколку на некој му е потребен нов контролер за PlayStation 4 или пак планира да купи PlayStation 5, Sony потврди дека овие контролери нема да бидат функционални за PS5 игрите, но дека ќе можат да се користат за компатибилните PS4 наслови.
„Семејството DualShock 4 контролери продолжи да расте откако се појави пред речиси седум години. Воведовме повеќе од 25 бои, од класичната Jack Black црна, преку Wave Blue сина, па до Sunset Orange портокаловата и Red Crystal црвената. Сега најавуваме враќање на некои од поновите бои, кои ги вклучуваат Berry Blue сина, Red Camouflage црвена, Rose Gold златна и Steel Black црна”, соопштено е од Sony.
Цената на контролерот изнесува 64,99 долари, пишува The Verge.
Поврзани артикли