Motorola во текот на септември ќе го претстави својот следен значаен телефон, за кој компанијата тврди дека „повторно ќе го промени искуството кое го имаме со телефоните“. Компанијата во меѓувреме на медиумите им испрати покани во кои се известува дека уредот ќе биде прикажан на 9. септември.
Тизерот не нуди премногу информации за тоа што можеме да очекуваме, но најверојатно дека ќе го видиме новиот, следен Motorola Razr флексибилен телефон.
So the Motorola Razr 5G is coming on September 9#MotorolaRazr5G #MotorolaRazr #5G #Motorola #Razr5G pic.twitter.com/9W65UeT5Br
— Venkatesh Babu.G (@smartvenkat95) August 13, 2020
Уште од мај оваа година знаеме дека Motorola работи на нов Razr модел, а за смартфонот се појавуваа и некои гласини. Се очекува дека уредот ќе има повеќе RAM меморија, дополнителен простор за складирање и батерија со поголем капацитет. Покрај тоа, се верува дека ќе има и Snapdragon 765 процесор, што ќе го направи подобрен за 5G поддршка.
Не очекува да видиме дали Motorola ќе успее да го надмине она што го понуди со претходниот флексбилен Razr, кој по цена од 1500 долари не нудеше карактеристики кои ја оправдуваа високата цена на цена на уредот.