Докторите предупредуваат дека луѓето треба да знаат како изгледа осипот кој што се појавува во случај на коронавирус.
Сите знаеме дека основните симптоми на коронавирусот се температура, континуирана кашлица, како и губење на сетилото за мирис и вкус.
Меѓутоа, би можеле да бидете во опасност од коронавирусот и доколку го развиете и овој необичен симптом на вашата кожа.
Еден од необичните симптоми кои што укажува на коронавирусот е осип на вашата кожа, кој што вообичаено се појавува во вид на црвени дамки кои што чешаат, се наведува во апликацијата „Covid Symptom Study“.
Точките можат да бидат и благо проширени и најверојатноможат да се задржат до неколку седмици.
Иако осипот може да го погоди било кој дел од вашето тело, најверојатно е дека ќе се развие на лактите и колената.
„Треба да ги сметате за клучна дијагностика и знак за болеста кој што дури може да се појави и кога немате некои други симптоми.
Откриено е дека кај 8.8 отсто од луѓето кои што имале позитивен тест, осипот им бил еден од симптомите на болеста“ – истакнала д-р Вероника Батил од Кингс колеџот во Лондон.
Поврзани артикли