Разгледуваjќи ги  улиците на Лима во Перу на Google Maps, еден човек открил дека сопругата го изневерува. На клупата покрај патот видел жена што седи и еден човек кој лежи со главата во нејзиниот скут.

Иако нивните лица биле заматени, со што Google Maps ја заштитува приватноста на луѓето во јавноста, тој ја препознал својата сопруга и сфатил дека таа има љубовник.

Тоа е сцена снимена во 2013. година, а измамениот човек подоцна изјавил дека ја препознал сопругата по облеката што често ја носела, а и нејзината фризура била впечатлива.

Сопругата наводно ја признала аферата и двојката подоцна се развела, пренесува „Мирор“.