Загадениот воздух го намалува животниот век на луѓето на Земјата за околу две години, покажало истражувањето во кое што се истакнува дека лошиот квалитет на воздухот е ”најголемиот ризик по здравјето на луѓето”.

Авторите на Индексот на квалитетот на животот и воздухот наведуваат дека кога проблемот со коронавирусот ќе биде ставен под контрола, едно нешто ќе биде многу поопасно -загадениот воздух.

Според нивните податоци загадувањето ќе доведе до тоа околу милијарда луѓе ширум светот да бидат болни и ќе имаат пократок животен век.

Речиси една четвртина од светското население се ”собрало” во четири јужноазиски земји, кои што воедно се и едни од најзагадените – Индија, Бангладеш, Непал и Пакистан.

Во Индија и Бангладеш загадувањето е толку многу високо што во поедини региони ќе го скрати животот на тамошните жители за речиси една деценија.

Иако местата како САД, Европа и Јапонија успеаја да го подобрат квалитетот на воздухот, сепак загадувањето и понатаму трае и го скратува животот на граѓаните – во просек две години.

„Заканата од вирусот е сериозна и го заслужува секое внимание кое што му припаѓа, но сфаќањата колку ситуацијата со загадениот воздух е сериозна и вложување во слични енергии за решавање на таквиот проблем, им овозможува на милијарда луѓе да водат подолг и поздрав живот“ – изјавил Мајкл Гринсон од Институтот за енергетска политика од Универзитетот во Чикаго и еден од истражувачите AQLI, пренесува Science Alert.