Актуелната вакцина против коронавирусот успешно ја направија во истражувачкиот центар „Гамалеј“.
Луѓето кои што ќе ја примат руската вакцина противКовид-19 ќе бидат имуни на Ковид-19 до две години.
„Вакцината настана во Истражувачкиот центар „Гамалеј“ кој што работеше во пронаоѓање на вакцината користејќи процедури за векторот аденовирус“ – изјавил министерот за здравје Михаил Мурашко.
Тој исто така ги пофалил и напорите на руските експерти:
„Би сакал да нагласам дека истражувачите од нашите научни центри уште од 1990-те години успешно експериментирале со подготовка за генска терапија.
Понатамошните истражувања формирани се во универзалната платформа за изработка на вакцина против различни инфективни болести, а на таквите платформи научните истражувачи и нашите експерти веќе успеале да создадат шест вакцини кои во различни мерки во употреба на Русија“ – изјавил Мурашко и ја навел како пример вакцината против ебола и корона вирусот од типот MERS-CoV.