Веројатно досега сте испратиле многу барања за пријателство на социјалната мрежа Фејсбук, а конечно може да видите дали вашата покана сè уште е на листата на чекање, доколку сакате да ја повлечете истата.
Да разјасниме. Доколку некоја личност го прифатила вашето барање за пријателство, тогаш автоматски истата ќе биде видлива на вашата листа на пријатели. Меѓутоа, постојат и личности кои што допрва треба да го прифатат повикот.
Некои можеби не го виделе, или пак свесно го игнорираат.
Директен линк
Најлесен начин да проверите дали некој го прифатил вашето барање за пријателство или пак не е да кликнете на ОВОЈ линк, доколку веќе сте логирани на Фејсбук.
Десктоп верзија
Логирајте се на Фејсбук преку десктоп и кликнете на иконата Friend Requests. Ќе се отвори мени со листа на луѓе кои што можеби ги познавате или пак сакате со нив да се поврзете.
На самото дно на менито постои опција View All, а потоа и View Sent Requests.
Кога ќе ја изберете таа опција, ќе ја видите листата на луѓе на кои што сте им испратиле барање за пријателство, а кои што сè уште не ве удостоиле со одговор.
Поврзани артикли