Само неколку недели откако доживеаја сериозен хакерски напад кој откри дека нивните вработени се најслабата алка во осигурувањето, објавена е уште една непопуларна информација од Twitter.

Имено, тие најавија дека постои безбедносен пропуст што може потенцијално да ги изложи приватните податоци на некои корисници на Android. Поточно, апликациите од трети лица може да ги заобиколат правилата за безбедност на Android преку апликацијата Twitter и да гледаат приватни пораки што корисниците ги размениле со други корисници на Twitter. Тие исто така истакнаа дека досега немаат доказ дека тоа навистина се случило.

Безбедносната маана е веќе решена за корисниците кои користат верзии 8 и 9 на Android, што би значело дека 96 проценти од корисниците на Twitter се заштитени. Другите 4 проценти треба да ги ажурираат своите апликации за паметни телефони што е можно поскоро.

Тие ќе бидат специјално информирани од Twitter за тоа што точно треба да направат.