Британската компанија Virgin Galactic, чиј основач е британскиот милијардер Ричард Бренсон, неодамна ја претстави внатрешноста на своето летало за туристички патувања во вселената. Сега компанијата го претстави и својот план за суперсоничен авион кој треба да донесе револуција во патувањето со авион и да биде наследник на легендарниот „конкорд“
Иако станува збор за ран дизајн и концепт на авион, изгледа дека компанијата на Ричард Бренсон е сериозна во плановите за овој авион. Имено, како партнери во развојот на авионот се НАСА и Rolls Royce, компанијата која ги правеше млазните мотори за „конкорд“.
Според претставените планови, авионот би имал триаголни крила и би постигнувал брзина од 3.700 км/ч, што е речиси двапати повеќе отколку „конкорд“. Она за што посебно ќе се води сметка е одржливото гориво за авиони и технологијата кои, би влијаеле на помалата потрошувачка.
Леталото на Virgin Galactic е во фаза на концепт којшто е одобрен од страна на FAA, во развојот има учествувано и NASA, додека за моторите на леталото се соработува со Rolls Royce.
Главната негативна страна моментално од тоа што може да се види е капацитетот на леталото кое ќе може да пренесе од 9 до 19 патници, што е повеќе пати помалку од сегашните комерцијални авиони кои во главно пренесуваат по 100 патници во просек.
Извор: zimo.hr
Поврзани артикли