Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведувала антитела против новиот коронавирус и е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко испитување во рана фаза.
Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нивната вакцина, NVKS-CoV2373, произвела повисоки нивоа на антитела кај здрави доброволци од оние што се пронајдени кај пациенти кои прележале Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Додавањето на супстанција наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.
Директорот на истражувањето, Грегори Глен, изјави за „Ројтерс“ дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички испитувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие регулаторни одобренија уште во декември.
Поврзани артикли