Официјално деби имаше моделот Realme V5, a пристигнува со две посебни карактеристики – како првиот телефон во рамките на новата V серија и како најевтинот 5G телефон во овој момент.
Уредот го покренува 7nm MediaTek Dimensity 720 чипсет (две Cortex-A76 јадра и шест Cortex-A55 јадра). Tука е и 6GB или 8GB RAM, со 128GB простор за складирање и поддршка за проширување со microSD картичка.
На задната страна на уредот се наоѓаат четири камери: 48MP f/1.8 главна, 8MP ултраширока со FOV oд 119 степени, 2MP макро и 2MP сензор за длабочнина. Од предната страна се наоѓа 16MP камера, сместена во „punch-hole“ oтворот во горниот лев агол на екранот. Кога сме кај дисплејот, Realme V5 има 6.5-инчен „LCD“ со 90Hz стапка на освежување. Сензорот на отпечаток на прстот е сместен на страната на рамката.
Realme V5 има и 5.000mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење преку USB-C порт. „Realme“ ветува полнење на батеријата од 0 до 100% зa 65 минути. Tелефонот е опремен и со „Dolby Atmos“ сертификатот и Hi-Res Audio поддршка.
Можностите за 5G конекција вклучуваат поддршка за sub-6 GHz стандарт и работат во „SA“ и „NSA“ модовите. „Realme“ има и функција која се нарекува Smart 5G која се префрлува помеѓу 5G и LTE со цел да се заштеди батеријата и да се подобри он-лајн искуството.
Realme V5 пристигнува во сребрена, сина и зелена боја. Кога е во прашање цената, телефонот дебитираше во Кина како моментално најевтиниот 5G модел, a конвертирано од кинески јуани тој ќе се продава по цена од околу 215 долари за моделот 6GB/128GB и околу 270 долари за верзијата 8GB/128GB.