Black Shark 3S е официјално претставен и пристигнува со неколку надградби во однос на Black Shark 3. Најголемата промена е тоа што 6.67-инчниот AMOLED дисплеј сега има 120Hz стапка на освежување во однос на 90Hz, колку што имаше неговиот претходник.
Дисплејот има две зони чувствителни на притисок, кои можат да се мапираат за различни акции. Жироскопот исто така може да се користи за детектирање движења. Можно е креирање на макроа за игри, кои покренуваат неколку последователни акции. Гласовните команди се исто така достапни.
Споменатиот AMOLED екран има 1080p+ резолуцијам 20:9 однос на страници, 500 нита осветлување, 105% DCI-P3 покриеност на бои и MEMC од третата генерација. Black Shark 3S го покренува Snapdragon 865 чипсет, со 12GB LPDDR5 RAM и 128GB/256GB UFS 3.1 простор за складирање.
Телефонот го напојува 4729mAh батерија, со поддршка за 65W полнење преку USB-C конектор. За полнење до врв се потребни 38 минути, а до 50% батеријата се полни за 12 минути.
Кога се во прашање камерите, тие не се изменети во однос на Black Shark 3. На задната страна е главен сензор од 64MP со f/1.8 отвор на бленда. Тука е 13MP ултраширока камера (120°, f/2.25) и 5MP сензор за длабочина. Селфи камерата од 20MP е сместена во горната рамка.