Facebook објави дека почнува со објава на лиценцирани официјални видео спотови на својата платформа во САД, по тестирањето во Индија и Тајланд. Од одвој викенд, корисниците ќе почнат да ги гледаат содржините на музичарите и бендовите од различни жанрови, а ќе можат и да ги откриваат и делат како стандардните објави. Покрај тоа, корисниците ќе можат да ги следат омилените музичари и да ја следат нивната работа од нова дестинација.
Покрај објавата на музички видео спотови, Facebook ќе функционира и како глобална платформа за објава на премиерна содржина на музичари како што се J. Balvin, Karol G, Sebastian Yatra, Alejandro Fernandez, Calibre 50 и други.
Facebook склопи договор со реномирани музички куќи, како што се Sony Music Group, Universal Music Group, Warner Music Group, Merlin, BMG и Kobalt. Видео спотовите на овие брендови ќе можат да се откриваат во News Feed.
На крајот, Facebook најавува ново место во Facebook Watch, gde korisnici mogu da otkrivaju muziku zasnovano na žanru, muzičaru, temi, raspoloženju i drugim parametrima.
Поврзани артикли