Sony подоцна во текот на годината ќе ја објави PlayStation 5 конзолата од следната генерација. Компанијата сега најави неколку телевизори кои се “Ready for PlayStation 5” и оптимизирани за конзолата.

Тука не се работи за нови телевизори, туку за модели кои веќе претходно се претставени, но според наводите на Sony ова се модели кои корисниците би требало да ги разгледаат при купувањето за да го добијат најдоброто PlayStation 5 гејминг искуство.

Телевизорите, кои Sony ги стави на листата на оптимизирани за PlayStation 5 се X900H 4K HDR Full Array LED и iZ8H 8K HDR Full Array LED моделите. Овие ТВ уреди имаат Game Mode, кој на корисниците им овозможува играње со низок лаг.

Телевизорите поседуваат и Acoustic Multi-Audio технологија, која го користи позиционирањето на звукот за испорака на ефекти од позиција на која играчот се наоѓа во игра. Повисоката резолуција на телевизорот ќе помогне и сликата во игрите да изгледа поостро.