Се појавуваат се повеќе информации кои сугерираат дека новата iPhone 12 линијата би можела да биде претставена во октомври. Најновите гласини ги објави познатиот дојавувач Jon Prosser, кој исто така верува дека на следниот Apple настан ќе добиеме и нови iPad модели.
Судејќи според се, Apple нема да ја претстави iPhone 12 линијата во септември, како што тоа беше случај со претходните верзии на својот телефон. Бројни информации сугерираат дека актуелната пандемија на коронавирусот е главен виновник за ова одложување. Сега и Џон Просер потврдува дека следната iPhone објава ќе следува во октомври.
Кога е во прашање претставувањето на iPad, дојавувачот не прецизираше кој конретен iPad модел би можеле да го видиме, но гласините споменуваат нов mini-LED iPad Pro и нов iPad Air со Touch сензор под дисплејот.