Соларната и хелиосферна опсерваторија (SOHO) забележала таен објект заедно со Европската вселенска агенција.
Мисијата која што била покрената во 1996. година ја проучува внатрешноста и надворешноста на Сонцето. Во текот на изминатите 25 години опсерваторијата SOHO открила над 3.000 комети.
Истакнатиот уфолог тврди дека сателитот на SOHO снимил ”вонземски коцкаст брод” кој што е 10 пати поголем од Земјата. Во објавата на својот блог посветен за НЛО, Скот Виргин пишува дека огромната коцка наводно доаѓа и заминува со Сонцето за да собере енергија.
Oh nice the first confirmed alien stricture is a Borg Cube
Welp, we're boned pic.twitter.com/TnSvBsSEiB
— Ty (@stressedraggon) July 25, 2020
„Или коцките направиле шуплини на Сонцето за да живеат во него и да собираат енергија или пак постои некоја посебна честичка за која што ние не сме свесни.
А тие коцкасти бродови ги собираат тие ретки честички. Во секој случај, тогаш тоа е нивно Сонце, не наше. Ние немаме контрола над истото, онолку колку што тие ќе имаат“ – напишал Виргин во неговата објава.
Меѓутоа, научниците од агенцијата НАСА се сомневаат дека коцката која што е видлива на фотографијата е од вонземјанско потекло.
„Имав доволно искуства со вистински вселенска лет да сфатам дека тоа што се гледа во многу видео записи не е ништо повеќе од целосно нормална дневна појава која што се случува во неземјините околности“, истакнал Џејмс Оберг.
Извор: Alo.rs
Поврзани артикли