Најголемиот број протечени информации кои досега се појавуваа за Samsung Galaxy Note20 линијата беа во врска со моделите кои пристигнуваат со Snapdragon 865+ верзијата на чипсетот. Исто така, дознавме дека во Европа овие смартфони ќе се продаваат со Exynos 990 процесори.
Сега изгледа дека пристигнуваат убави вести за пазарите на кои Note20 линијата ќе се нуди со Samsung процесори. Новиот извештај сугерира дека јужнокорејската компанија направила значајни оптимизации за да го подобри ладењето, ефикасност и вкупните перформанси на својот чипсет.
Се наведува дека Samsung активно ќе ги вклучи подобрувањата за Exynos 990 во рамките на својата маркетиншка кампања, а се очекува дека споменатиот чипсет би можел да пристигне со името Exynos 990+.