Qualcomm сака да ја врати титулата на крал на брзото полнење со претставување на Quick Charge 5 технологијата. Оваа опција на полнење поддржува брзини до 100W и повеќе, а батеријата при тоа е за 10 степени постудена и 70% поефикасна.
Според тестовите на Qualcomm, Quick Charge 5 полни 4500mAh батерија од 0-50% за само пет минути. До врв, ваква батерија се полни за само 15 минути. Ова се однесува на “dual charging” решението, кое батеријата ја дели на две 2250mAh ќелии, кои се поврзани за да се зголеми напонот.
Quick Charge 5 е заснован на USB Power Delivery PPS, но дополнително го проширува овој стандард преку обратната компатибилност со Quick Charge 2 и подоцнежните стандарди. Исто така, работи со стандардните USB PD уреди и Apple гаџети.
Qualcomm очекува дека Quick Charge 5 за телефоните ќе биде достапен од третото тримесејче оваа година. Компанијата објави и два чипа за контрола на полнењето кои можат да се користат – SMB1396 и MSB1398. Тие нудат поддршка за безжично полнење и полнење преку кабел, а можат да се користат за батерии со една или две ќелии.
Поврзани артикли