Google објави дека планира да постави подморски кабел наречен по американскиот контраадмирал Грејс Хопер. Кабелот ќе ги поврзе САД, Велика Британија и Шпанија.
Според официјалното соопштение, кабелот ќе создаде мрежа што ќе им помогне на потрошувачите и на корпоративните производи на Google да бидат пофлексибилни.
Бикеш Колеј, потпретседател на глобалната мрежа на Google, рече дека откако ќе се заврши, кабелот „Грејс Хопер“ ќе биде еден од првите кабли што ги поврзуваат САД и Велика Британија од 2003 година“, додавајќи дека ова е прва инвестиција на компанијата во приватен подморски кабел кон Велика Британија, како и прв воопшто до Шпанија.
Google управува со неколку други подморски кабли, меѓу кои и еден од Португалија до Јужна Африка, еден во Чиле што им служи на клиентите на Google во Латинска Америка и друг што ги поврзува САД и Франција.