Apple би можел да претстави нов iMac компјутер во текот на оваа недела. Десктоп компјутерот ќе работи на Intel процесор, а се очекува дека нема да претрпи редизајн. Два извора ги сугерираат овие информации.
Еден од изворите напоменува дека Apple веќе во текот на оваа недела би можел да претстави iMac со Intel процесор. Претходно се сугерираше дека Apple би можел да го објави својот нов компјутер во текот на WWDC 2020 конференцијата, но тоа не се случи.
Вториот извор напоменува дека нови Apple производи се подготвени за испорака. Ова го објави @L0vetodream, кој досега точно објавуваше гласини за macOS Big Sur, новиот iPhone SE телефон и iPad Pro моделите.
Претходно во текот на овој месец, на Geekbench се појави iMac со 10-јадрен Intel i9 CPU и Radeon Pro 5300 GPU, што дополнително укажува на тоа дека би можел да биде објавен наскоро.