Купувањето и користењето електрично возило сега е поекономично отколку купувањето нов автомобил на бензин или дизел, барем така се вели во истражувањето на експерти за осигурување на автомобили од британската компанија Direct Line, што сугерира дека електричните автомобили се поевтини за време на нивниот животен век.
Според ова истражување, купувачите во Велика Британија електричните автомобили може да ги чинат во просек околу 106 фунти помалку на годишно ниво во однос на бензинските или дизел автомобили.
Британците пресметале дека вкупните просечни трошоци за набавка на нов електричен автомобил и неговото возење за 14 години чини 52.133 фунти, наспроти 53.625 фунти за еквивалентен модел на бензин или дизел.
Резултатите се добиени со споредување на 5 електрични модели со 5 еквиваленти со SUS мотори.
Патем, годишните трошоци за данок и одржување за електричен автомобил во Велика Британија се за 49 проценти пониски споредбено со бензинските модели, додека трошоците за полнење на батеријата се за 58 проценти пониски во однос на оние кои полнат гориво.
Од друга страна, електричните автомобили сепак сè уште се значително поскапи од класичните.