Иако многумина се убедени дека оваа позната фотографија била дообработувана, па дури и дека е „вештачка“, ништо од тоа не е точно. Ова е приказната како настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња.
Чарл О’Рир е роден во 1941 година и повеќе од 25 години работел како фотограф за списанието National Geographic. Од 1978 година се насочин на лозарство и производство на вино и снимал фотографии на ова тема на локации ширум светот.
Иако целиот свој живот се занимава со фотографирање, неговата најпозната фотографија не ја снимил на ангажман, туку сосема случајно. Додека се возел по автопатот 121 во Калифорнија, Чарлс решил да скршне и да фотографира една локација за која често размислувал.
Sally WindowsXP Wallpaper Field #TechCelebs @midnight pic.twitter.com/U3SgOrDGKO
— Shaner Baner (@OnlyWaytoShane) January 18, 2017
Неколку години подоцна, компанијата Microsoft му исплатила значителна сума за таа фотографија, но Чарлс никогаш не откри за колкава сума станува збор.
Фотографијата е таква каква што ја знаеме благодарение на комбинациите на засилени бои во Fuji филмот и одличната оптика на фотоапаратот со кој работел О’Рир тогаш.
Цената на фотографијата не можел да ја одреди сам, па од Microsoft му испратиле авионска карта за да дојде во седиштето на фирмата и да преговараат.
Фотографијата се прикажува на XP системот од 2001 година и секојдневно ја гледаа повеќе од милијарда луѓе.
Долго време се водеше полемика за местото каде е снимена фотографијата – Ирска, Франција и Нов Зеланд беа местата кои најчесто се спомнуваа како можна локација.
Look familiar? Well it's the windows XP bliss hill wallpaper. Only now it has a vineyard on it. pic.twitter.com/Rxs3sDEf
— Tyler Flowers (@tdflowers) December 27, 2011
Пејзажот со зелената ливада, сино небо и неколку облачиња се наоѓа во округот Напа во Калифорнија.
„Фотографијата е снимена во близина на мојата куќа, додека одев во посета на девојка ми. Не е доработувана во Фотошоп. Тревата беше свршена и сонцето силно светеше. На небото немаше ниту едно облаче, а додека да се паркирам и да го наместам фотоапаратот, се појавија облаците“, раскажува О’Рир.
Подоцна славната локација стана лозје, па денеска оваа глетка изгледа многу поразлично.
Извор: B92.net
Поврзани артикли