Апликацијата за Samsung Galaxy Watch 3 се појави на Play Store, а според нејзината содржина, уредите ќе имаат нови контроли со движење.
Паметниот часовник ќе им овозможи на корисниците со движење да ги стивнат алармите, да направат фотографии, да одговорат на дојдовен повик и слично.
Наводно стискањето и опуштањето на дланката ќе биде движење кое ќе овозможи одговор на повикот. Ротирањето на зглобот ќе ги стивнува алармите и дојдовните повици. За да направите фотографија или да снимите видео преку апликацијата Camera Controller, ќе биде потребно да ја стиснете шаката, а потоа да ја испружите дланката.
Со анализа на апликацијата е утврдено дека на располагање ќе ви бидат и нови „лица“. Во меѓувреме протекоа и некои детали за часовникот, вклучувајќи го и изгледот на фиизчката ротирачка рамка. Се очекуваат LTE и Wi-Fi верзии, како и верзии со екрани од 1,4 и 1,2 инчи.
Исто така, часовникот би требало да има куќиште од нерѓосувачки челик, GPS, сензори за следење на работата на срвето и крвниот притисок, ECG сензор, 1 GB RAM, 8 GB интерна меморија и зависно од големината, батерии од 237 или 340 mAh.
Galaxy Watch 3 ќе биде претставен на настанот Samsung Unpacked закажан за 5. август.