Како што се наведува, времето за изработка на главните елементи на моторот благодарение на новата технологија е скратено за дваесет пати, а цената на производот е намалена двојно.
Во Русија првпат е успешно тестиран авионски мотор направен со помош на 3-Д печатење, а чие производство е планирано за 2021/22 година, изјавија за агенцијата РИА „Новости“ од Фондот за перспективни истражувања.
Во својство на летечка лабораторија за тестирање на новиот мотор е користено новото лесно беспилотно летало АЗО кое го разви опитното конструкторско биро „Симонов“. Распонот на крилата на беспилотното летало изнесува три метри, а полетната маса 40 килограми, вклучувајќи ја тежината на полезниот товар до десет килограми.
Извор: Russia Beyond