Facebook Messenger ќе претстави нови контроли на приватност, кои на корисниците ќе им овозможат да одредат кој може да им испраќа пораки. Апликацијата наскоро ќе почне со тестирање на нови подесувања, со кои корисниците ќе „одлучат кој може директно да им испрати порака или да ги повика, кој оди во фолдерот со барања и кој воопшто може да им испраќа пораки или да ги повикува.
Компанијата напоменува дека функциите се слични на оние кои ги нуди Instagram, кој во декември додаде уште поинтегрални контроли за испраќање пораки. Messenger, исто така, ќе експериментира со функцијата која автоматски ги заматува сликите кои ги испратиле корисниците, кои не се веќе на листата Facebook пријатели – затоа што поверојатно е дека ова би можеле да бидат спам или неприкладни содржини.
Messenger, исто така, сега ја направи „app lock“ функцијата официјална. Ажурирањето додава дополнително ниво на безбедност во Messenger разговорите, овозможувајќи им на корисниците да бараат автентикација на лицето или отпечаток од прст пред пристап до пораките. Оваа функција сега е достапна на iOS и наскоро ќе се појави и на Android.