Стив Вознијак поднесе тужба против YouTube, тврдејќи дека таа платформа постојано ги игнорирала неговите барања да ги симне лажните биткоин-наградни игри што го користат неговото име.
Тој ги спореди постапките на YouTube со она што го стори Twitter затоа што оваа социјална мрежа бргу отстрани слични измами кога Вознијак и другите познати личности беа хакирани минатата недела.
Вознијак ја поднесе тужбата заедно со 17 други лица, а нивната цел е да ги принудат YouTube и неговата матична компанија Alphabet да ги избришат спорните видеа и да ги предупредат корисниците за измамата. Овие јутјуб-измами ја користат фотографијата на Вознијак за да ги убедат корисниците дека биткоините што ги инвестираат ќе се удвојат.
„Кога корисниците ја префрлаат својата криптовалута на измамници во трансакција што не се враќа, тие за возврат не добиваат ништо“, се наведува во тужбата. Како што тврди Вознијак, YouTube исто така профитира од овие измами така што не сака да ги отстрани, пренесува Endgadget.
Кога беа хакирани сметките на познатите на Twitter, Вознијак коментира дека тоа веќе му случило нему и на Илон Маск, но на платформата на YouTube.
„Нашиот углед е нарушен. Луѓето ни испраќаат имејлови и ги бараат ветените биткоини, тие се лути. Вистинскиот проблем е што не постои вистински начин со алгоритам да се исклучат ваквите измами, дури и при очигледно кршење на авторските права“, рече Вознијак.
Засега нема конкретен одговор од YouTube на обвинувањата на Вознијак, но тие претходно во слични ситуации се повикуваа на Законот за почитување на комуникациите, во кој се вели дека давателите на услуги (т.е. давателите на услуги на платформа) не може да бидат одговорни за содржината што ја објавуваат корисниците.
Поврзани артикли