На полуостровот Јамал, на брегот на езерото Печевалавато во околината на селото Сјојаха се пронајдени фрагменти од скелет на мамут со меко ткиво.
Коските ги пронајдоа мештаните. Научниците за тоа ги известил старешината на селото Станислав Ванујто, објави Научниот центар за проучување на Арктикот на својата група на социјалната мрежа „ВКонтакте“.
Археолошката експедиција утре заминува на местото. Стручњаците ќе ги проучат остатоците и ќе соберат информации за тоа каде на друго место во тој реон можат да се пронајдат остатоци на древни животни.
Информацијата за тоа треба да биде забележана за идни истражувања. Научниците не ја исклучуваат можноста во тињата на езерото да се наоѓаат преостанатите делови на скелетот. Иако на полуостровот Јамал мошне често се пронаоѓаат остатоци на мамут, секој ваков пронајдок им помага на научниците да се приближат до откривањето на тајната зошто изумреле овие моќни суштества.
Извор: Russia Beyond