Galaxy Z Flip 5G би требало да биде официјално претставен на 5. август во текот на Unpacked настанот на Samsung. Сега Samsung Galaxy профилот на Weibo страниците објави постер кој истакнува дека претпродажбата на флексибилниот телефон ќе почне од 22. јули.
Оваа претпродажба би можела да се однесува само на Кина, додека глобалната објава на уредот ќе следува следниот месец. Или би можело да се работи за претпродажба „на невидено“, со оглед на тоа дека спецификациите на смартфонот не се мистерија.
Чипсетот на телефонот ќе биде надграден на Snapdragon 865+, што ќе ги подобри перформансите и ќе овозможи 5G конекција во однос на оригиналниот модел. Остатокот од карактеристиките засега делува неизменето, па дисплејот, камерите и батеријата ќе бидат исти како и кај 4G моделот.
Galaxy Z Flip 5G ќе има нова Mystic Bronze боја. Постерот открива нови бои (во множина), така што би можеле да постаојат уште некои варијанти, за кои досега не протекоа информации.