Според наводите на индустриските извори, Realme C11 наскоро би можел да пристигне на европските пазари. Уште од објавата на телефонот, кон крајот на минатиот месец, уредот привлече во буџетскиот Android сегмент.
Се очекува дека смартфонот ќе биде во ценовен ранг помеѓу 100 и 120 евра, што е конкурентска цена со оглед на тоа дека глобално Redmi 9A и 9C (кои се директни ривали за Realme C11) се продаваат за 99 и 119 евра во основните верзии.
Realme C11 користи MediaTek Helio P35 чипсет, има 2GB RAM и 32GB простор за складирање. Уредот поседува 6,5-инчен HD+ LCD дисплеј, има две камери на задната страна (13MP + 2MP) и 5000mAh батерија. Достапен е во Mint Green и Pepper Grey варијанта, а отпорен е нa прскање со вода.
Поврзани артикли