Доста прашина се подигна кога Apple објави дека преминува на ARM архитектура на своите Mac компјутери, но немаше премногу информации за тоа со кој би можела да се здружи компанијата кога е производството во прашање. Сега кружат информации за тоа дека TSMC е ангажиран за креирање на Apple Silicon чипови.
Според наводите на изворот, TSMC повторно ќе биде главен снабдувач за Apple кога се во прашање ARM чипови. Претходно, TSMC креираше чипови за iPhone и iPad уредите, а сега своето присуство ќе го прошири и на Mac екосистемот.
Секако, и натаму остануваат некои непознаници, како што е прашањето дали Apple ќе имплементира 7nm или 5nm чипови. Во секој случај, кога ќе биде испорачан првиот Mac со Apple Silicon чип, се очекува дека ќе видиме нешто целосно ново.
Извештајот сугерира дека TSMC ќе забележи голема порачка на Apple во текот на втората половина на 2021. година. Ова се поклопува со плановите на Apple, бидејќи компанијата планира да се префрли на Apple Silicon во потрошувачките Mac уреди до 2022. година.