Австралиски истражувачи развија тест кој може да утврди зараза со коронавирусот за само 20 минути. Тие тврдат дека ова е прв таков тест во светот.
Истражувачите од Универзитетот Монаш велат дека нивниот тест може да открие дали некој моментално е заразен или бил во минатото.
„Краткотрајното аплицирање вклучува брзо идентификување на случајот и следење на контактите за да се ограничи натамошно ширење“, изјавија тие за списанието „АЦС сензорс“.
Нивниот тест, за кој се потребни 25 микролитри плазма од примерок на крвта, бара згрутчување или групирање на црвените крвни зрнца што го предизвикува коронавирусот. Тие велт дека на овој начин може да се утврди и дали некој бил заразен од неодамна. „Стотици примероци можат да се тестираат секој час“, тврдат истражувачите.