Корисниците на WhatsApp би требало да бидат свесни за опасноста од ширењето на лажните верзии на оваа популарна апликација.
Како што пренесува Daily Express, можно е за iOS и Android на различни APK интернет страници да се најдат верзии на апликации на WhatsApp кои се „променети“ така што корисниците имаат дополнителни можности за користење, кои инаку оргиналната WhatsApp ги нема.
Превземањето на ваквите верзии кои не пристигнуваат од официјалните продавници (App Store и Google Play Store) преставуваат голем ризик за вашата приватност. Модифицираните и неофицијалните верзии можат вашиот телефон да го направат ранлив на повеќе начини.
Good post: using a modded WhatsApp version is never a solution for your privacy and security.
Download the latest public release for Android: https://t.co/TzvR1dJz9y pic.twitter.com/rERxMlTQgx
— WABetaInfo (@WABetaInfo) July 12, 2020
Еден од најчестите напади кои хакерите го користат е „Man In the Middle“ (MITM) нападот, каде злонамерните луѓе можат да ја превземат секоја ваша порака, дури и да ја променат пред да пристигне до конечната цел.
Исто така, WhatsApp се закани со тоа дека автоматски ќе бидат исклучени сите налози за кои ќе се утврди дека доаѓаат од модифицирани апликации, поради општата безбедност на сите корисници.
Предупредувања за ризичните користења на модифицираните верзии на WhatsApp прво се појавија на друштвената мрежа Reddit, a потоа на и на Twitter профилот WABetaInfo.
Извор: B92.net
Поврзани артикли