Според достапните информации, новиот iPad Air таблет кој овој пат ќе пристигне со 10,8-инчен екран, ќе ја примени стратегијата на iPhone SE – ќе има достапна цена и ќе нуди моќен чипсет.
Чипсетот би можел да биде Apple A13, кој го користи и iPhone SE (2020), иако за ова прашање постојат различни, контрадикторни извештаи.
iPad Air (2019) користи A12 чипсет и има почетна цена од 500 долари за 64Gb модел. Стандардниот iPad 10.2 има застарен A10 процесор со цена од 330 долари. Тоа значи дека iPad Air 2020 би требало да има цена која е помеѓу двата споменати модела.
Новиот iPad Air би можел да биде прв модел кој не е од Pro линијата, кој би го отфрлил Lightning портот и би имплементирал USB-C. Покрај тоа, се споменува и можност за поддршка за Magic Keyboard.
Според наводите на аналитичарот Минг-Чи Куо, корисниците следната година можат да го очекуваат iPad Mini. Исто така, Куо известува дека новите iPad модели ќе пристигнуваат со 20W полнач во пакетот, за разлика од iPhone, која нема да ја има оваа понуда.
Поврзани артикли