На 14 јули 2020 година, Владата на Велика Британија ја објави својата одлука да им
забрани на мобилните провајдери на Велика Британија да купуваат 5G опрема од Huawei
по крајот на 2020 година, како и да ја отстранат целата 5G опрема на Huawei од своите
мрежи до 2027 година.
Во официјалното соопштение, Едвард Брустер, портпарол на Huawei Велика Британија,
изјавува:
„Оваа одлука е разочарувачка и е лоша вест за секој сопственик на мобилен телефон во
Велика Британија. Одлуката ќе го забави дигиталниот развој на Велика Британија, ќе ги
зголеми сметките и ќе го продлабочи дигиталниот јаз. Британската влада прави чекор
назад, наместо да се фокусира на технолошкиот напредок, и ние ги повикуваме да ја
преиспитаат својата одлука. Остануваме уверени дека новите ограничувања на САД нема
да влијаат врз одржливоста или безбедноста на производите што ги доставуваме за
Велика Британија. За жал, нашата иднина во Велика Британија се политизира, кога веќе
станува збор за трговската политика на САД, а не за безбедноста. За последните 20
години, Huawei се фокусираше на градење на подобро поврзана Велика Британија. Како
одговорна компанија, ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите клиенти. Ќе
направиме детална анализа на денешната одлука и нејзиното влијание врз нашиот бизнис
овде и ќе разговараме со Владата на Велика Британија за тоа како можеме да
продолжиме да придонесуваме за подобро поврзана Велика Британија“.
Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Huawei