По краткиот период на тестирање, Moziila го објави својот VPN сервис во шест земји (САД, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Сингапур, Малезија). Апликацијата е достапна за Android, iOS и Windows, додека Mac и Linux поддршка пристигнува наскоро.
Mozilla VPN (претходно познат и како Firefox Private Network) се чини 4,99 долари месечно, а имплементира две главни предности во однос на конкуренцијата. Се истакнува дека вкупното сурфање и пребарување на интернет ќе биде побрзо благодарение на оптимизираниот код. Исто така, Mozilla истакнува дека ги собира само апсолутно неопходните кориснички податоци за да функционира сервисот, но не го чува логирањето, ниту ги продава корисничките податоци.
Во подготовка е и VPN сервис за Firefox браузерот, а компанијата ќе наплатува 2,99 долари за неограничено пребарување.