Поимот „приватно“ се користи прилично слободно и има различни значења, а ова е особено случај кога станува збор за приватноста на интернет.
Ова првенствено се однесува на „приватното прелистување на интернет“ – поставка во интернет прелистувач што (наводно) ви овозможува да ја скриете вашата историја од други кои користат ист компјутер.
Додека приватниот (или „анонимниот“) начин на работа може донекаде да ги прикрие вашите активности, сепак постојат начини на кои вашите активности можат да се следат од интернет провајдерите, владините агенции, па дури и хакерите.
Што значи режимот приватно прелистување (Incognito/Private Browsing)?
Оваа одлика за прв пат се појави во „Safari“ во 2005 година. Не им беше потребно долго време на ривалите, како на пример „Google“ или „Mozilla“, да вклучат и приватно прелистување во нивните понуди. Ова наскоро стана стандарден дел од сите интернет прелистувачи.
Приватното прелистување значи дека е отворена специјална „сесија за прелистување“, а која е изолирана од главната. Не се меморира историјата на прелистување, ниту „колачињата“ од веб-страниците кои ги посетувате.
Границите на приватниот режим
Прелистувачите кои нудат приватен режим честопати нагласуваат дека не станува збор за „апсолутна заштита“. Во најдобар случај, има тенок слој на приватност.
„Incognito mode“ не ги спречува администраторите на корпоративни или едукативни мрежи да ги следат податоците за вашата активност, а истото важи и ако користите јавен „hotspot“ (кафе бар или ресторан), затоа никогаш не ги оставајте чувствителните податоци таму.
Така, „приватното прелистување“ се однесува само на тоа како се чуваат податоците за активноста на уредот, а не на тоа како тие податоци се пренесуваат преку мрежата.
Меѓутоа, ако вашиот компјутер е заразен со „вирус“ што го следи мрежниот сообраќај и барањата за „DNS“, режимот на приватно прелистување можеби нема да помогне. Исто така, тешко е да се борите против малициозен софтвер кој користи техники на „отпечатоци“, т.е. тие се обидуваат да откријат што е специфично за вашиот компјутер.
Отпечаток од прст
Овие „отпечатоци“ се интересен феномен. Се чини дека тие привлекуваат помалку внимание од малициозен софтвер и „тројанец “, и покрај нивната можност да посочат кој се базира на активност.
Додека пребарувате на Интернет, страниците на трети страни можат да соберат информации за вашиот компјутер, вклучувајќи ја временската зона, резолуцијата на екранот, прелистувачот, јазик што го користите и така натаму.
Дали има вистинска безбедност?
Како што можеме да видиме, кога „приватноста“ се споменува на Интернет, обично подразбираме можност за разгледување без да се грижиме дека некоја трета страна ќе има увид во нашите активности.
Сепак, ова честопати не е целосно можно – иако податоците не се чуваат локално, на самиот уред, тоа не значи дека она што „патува низ мрежата“ не е достапно за интернет провајдерите и повисоките власти.
Затоа, најмногу што можете да направите е да користите квалитетен „VPN“ (виртуелна приватна мрежа), кој не ги следи логовите, па дури и тогаш не можете да бидете целосно убедени во приватноста.
За навистина да имате приватност, треба да го исклучите „JavaScript“ во целост, што ќе ги направи повеќето од страниците што ги користите секој ден целосно неупотребливи. Ова е, се разбира, екстремна мерка, и не е препорачливо да се користи туку така.
Извор: B92.net