Експертите за климатски промени сметаат дека глечерот Твејтс на западниот Антарктик е еден од најранливите, но и најбитните глечери на светот кога станува збор за нивото на морињата во иднина.
Експертите предупредуваат дека поради промената на климата и глобалното затоплување постои можност само неговото топење да го подигне нивото на морето за половина метар. Меѓутоа, топењето на Твејтс би влијаело и на ослободување на другите ледени маси на западниот Антарктик кое може да доведе до пораст на нивото на морето за 2 до 3 метри.
Доколку би се остварило тоа, последиците би биле катастрофални.
Scientists fear that the collapse of Thwaites Glacier has already begun and could take other parts of the western Antarctic ice sheet with it.https://t.co/eoyjdcjF7z
— Ben See (@ClimateBen) July 11, 2020
Научниците кон почетокот на годината за првпат го истражувале присуството на топлите води на битните точки од глечерот, што би требало да ја објасни причината за неговото топење. Твејтс е со површина од околу 119.090 квадратни километри, што е отприлика со големина на Обединетото кралство. Мразот кој се топи од Твејтс и се влева во Амундсеновото море сочинува 4 отсто од глобалното зголемување на нивото на морето, но научниците предупредуваат дека понатамошното зголемување на температурите ќе го наруши балансот.
„Едно од поважните прашања е колку брзо Твејтс ќе стане нестабилен. Ми делува како да сме на работ. Тоа е клуч за други глечери на западниот Антарктик. Ако го отстраните, и останатите ледени маси ќе започнат да се топат”, рекол директорот на програмата која се занимава со антарктичките глечери, Пол Катлер.
Роб Лартер, главниот истражувач за проектот Твејтс при британската антарктичка експедиција додал дека тоа место е “најранливо на Антарктикот”.
Антарктик содржи 90 отсто од вкупниот лед на планетата, а за разлика од Арктикот, поголемиот дел од таа ледена маса се наоѓа на копното. Просечната дебелина на ледот е околу 2,5 километри, а на некои места е околу 4,8 километри.
Извори: Kurir.rs / Independent.co.uk
Поврзани артикли