Иако засега нема официјална потврда, постојат многу назнаки дека наскоро ќе добиеме Lego варијанта на NES конзолата. Имено, по договорот околу изработката на Lego Super Mario Bros, кој ќе почне да се продава за неколку недели, изгледа дека Lego и Nintendo направија уште еден договор.
Се почна од твитот на официјалниот Lego Twitter kanal, кој покажа само силуета на која не можат да се видат никакви детали. Но, набрзо потоа на интернет се појавија фотографии на кои е претставен цел сет на Nintendo NES, заедно со контролер, кертриџ, па дури и телевизор, на кој може да се уфрли Super Mario Bros.
Are you ready to play like never before? pic.twitter.com/XuNFD7rP0B
— LEGO (@LEGO_Group) July 13, 2020
Целиот систем е направен од лего коцки и не е функционален, а ќе се состои од 2.646 деловио. Сетовите со сличен број на делови чинат околу 250 долари, па се очекува дека цената на овој сет ќе биде слична. Досега нема детали за тоа кога овој сет ќе се појави во продажба, но судејќи според првиот твит, веројатно нема да чекаме долго да ги добиеме официјалните детали.