Во делови на Кенија, корисниците можат да се поврзат на интернет преку антени кои се наоѓаат на балоните во стратосферата.
Различните размислувања за начините на кои може да се овозможи пристап до интернет на подрачјата, кои во моментот се слабо или никако не се покриени со сигнал, вродија со плод. Во последно време, се почесто се зборува за сателитски интернет.
SpaceX веќе прати стотици од планираните 30.000 мали Starlink сателити кои на луѓето на Земјата би им овоможиле пристап до мрежа кој во моментот таму го нема.
Затоа екипата на Google X пред седум години имаше, како што на совјата страница нагласија, „луда идеја“ за користење интернет балони опремени со антени за да може да служат како мобилни базни станици.
Во тој прект што го нарекоа „Loon” вложија големи ресурси и многу време, но сето тоа се исплатипоради тоа што оваа недела почна првата комерцијална примена на балонски интернет во кенија.
Балоните со сигнал покриваат подрачје од околу 50.000 квадратни километри. Просечната брзина на интернетот изнесува 18.9 Mbps (download) и 4,74 Mbps (upload), со латенција (доцнење) од 19 ms.
Kenya: Project Loon Balloons To Provide Internet Access For Remote Areas – https://t.co/h9anFSorZh – #Technology pic.twitter.com/DwyD4yRnOP
— Gazette Review (@GazetteReview) July 8, 2020
Како што нагласија на официјалниот блог, во текот на тестирањето околу 35.000 луѓе го користеле нивниот балнски интернет, а не ни знаеле за тоа.
Интернет сервисот базиран на балони покажа дека е добар за гласовни и видео повици, социјални мрежи, сурфање на интернет и слично.
Тестирањата почнаа пред пандемијата од корона вирус, а ситуацијата со заразата замо го забрза развојот и имплементацијата на сервисот. Балоните летаат во стратосферата на висина од 18 до 25 километри, каде ветровите се послаби, а токму струењето на ветрот се користи за движење на балоните, објави веб-порталот Zimo.
Quite a few of Project Loon's balloons floating very high over SA tonight. They're very high up, so no chance of spotting them. pic.twitter.com/ja1e99gRv1
— David Taylor (@DaveTheCarGuy) July 4, 2020
Зза правилно да се распределат балоните со цел покривање на најголемо можно подрачје, користат системи на вештачка интелигенција. Балоните можат ноколку месеци да бидат во воздух, по што се враќаат на Земјата и се заменуваат со нови.
Поврзани артикли