Испораката на 5G телефони во Кина достигнаа 17,51 милиони единици минатиот месец, покажуваат податоците на Кинеската академија за информатичка и комуникациска технологија (CAICT). Оваа бројка претходниот месец изнесуваше 61,2 отсто од вкупната испорака на мобилни телефони во земјата, а се разликува од онаа во мај (46,3%).
Според информатичката академија, Кина само во првата половина од 2020 година претстави 105 нови 5G модели со вкупна испорака од 63,6 милиони единици.
Испораката на 5G мобилни телефони на кинескиот пазар бележи „експлозивен раст“ уште од втората половина на 2019 година, а изградбата на 5G базни станици, исто така, „цвета“, се наведува во меѓународната консултантска фирма „Делоит“ во нивниот извештај што беше објавен претходниот месец.
Во извештајот се потенцира дека Кина очекува да го види првиот бран на потрошувачка на 5G технологијата многу брзо со што сето тоа треба да стане вообичаено. Исто така, мрежното покривање постојано се шири и цената на 5G паметните телефони ќе опаѓа.
Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина претходно соопшти дека земјата ќе ја забрза изградбата на 5G мрежата, при што повеќе од 600.000 базни станици се очекува да бидат изградени на национално ниво до крајот на годината, пренесе телевизијата „Русија денес“.
Поврзани артикли