Google конечно реши да го потврди она за што многу корисници сонуваат во текот на последните шест месеци, а тоа е дека Google Stadia контролерот ќе почне безжично да работи со Android уредите. Тоа конечно се случи, така што сега секој што поседува Android уред ќе може да управува со него преко Google Stadia контролер.
Google првобитно ја покрена услугата Stadia уште во ноември, како услуга за претплата на игри, кои можат да се играат на телевизори, Android телефони и на веб. Поддршката за безжичен контролер тогаш чудно изостана за Android уредите, што значење дека ако сакате да играте на својот смартфон, морате да го поврзете преку USB. Овие денови е објавено ажурирање кое овозможува поддршка за безжично поврзување и со Android уредите. Ова е добра прилика за сите кориснции да тестираат како Stadia контролерот се ротира помеѓу Chromecasta, веб и Android.
Иако доцнењето со поддршката за безжично поврзување не е идеално, постепеното подобрување на Stadia донесува функции кои беа ветени при претставувањето на самиот уред. 4К стримингот преку интернет беше покренат во март, а бесплатната услуга Stadia стана достапна во април. И покрај бесплатната верзија, и се повеќе игри кои се додаваат во претплатничкиот пакет, Stadia и натаму не ги задоволува целите на Google и неговите амбици.
Поврзани артикли