Сите инфективи респираторни болести се шират кога здрава личност ќе дојде во контакт со честичките вирус по пат на заразена личност, воглавно преку кашлање и кивање.
Сега научниците одговараат на прашањето колку такви честички се доволни за да се заразиме од вирусот.
Имено, количината инфективни честички на кои што е изложена здравата личност одредува дали личноста ќе се зарази и колку сериозни симптоми ќе има.
Количината вирус која што е потребна за некој да се зарази се нарекува инфективна доза, а вирусот со ниски инфективни дози се особено заразни во популацијата кај која што нема колективен имунитет.
Минималната инфективна доза за новиот коронавирус засега е непозната, но научниците сметаат дека таа е ниска, пренесуваат странските медиуми.
„Вирусот лесно се шири и низ многу кратките непосредни контакти“ – предупредил Дејвид Харди, професор за инфективни болести.
Тој дава објаснување дека колку е поголема инфективната доза, потешки се и симптомите на самата болест.
„Колку повеќе честички вирус допрат до вашите бели дробови, поголема штета на тој орган настанува“ – вели тој.
Неговите зборови ги потврдува и едно истражување од Кина.