Јутјуб-каналот „Циркус на тркала“ објави видеоснимка во која блогери од автомобилот Lada Xray направија амфибија и се обидоа да пловат во неа.
За да го направат автомобилот-амфибија, инженерите ги симнаа сите „вишок“ делови и го оставија само она најважното, т.е. каросеријата, моторот и елементи на системот за управување со возилото. На тој начин значително е намалена тежината на автомобилот, со тоа што тој и понатаму може да се вози на обични патишта.
Блогерите ги затворија сите шуплини на „Икс-реј“ со пур-пена и додатно монтираа плочи од стиропор, како и мотор за чамци, со кој овој пловечки хечбек се движи во водата.
Амфибијата е тестирана во длабока вода. Автомобилот отплови неколку метри од брегот а потоа без никакви проблеми се врати на брегот. Брзината на движење во вода е мошне мала, но тестирањето покажа дека пловната Lada Xray се одржува на вода.
Извор: Russia Beyond