Google вчера го објави Android 11 Beta 2 build со голем број исправки, како и некои помали измени за корисничкиот интерфејс. Во текот на посебен настан, Google откри и дека Android 11 планира јавно да го објави на 8. септември.
Во текот на “Hey Google” Smart Home Summit презентацијата на YouTube, откриен е датумот на наводната официјална објава на платформата, која веројатно ќе дебитира на Google Pixel уредите.
Кога е Android 11 Beta 2 во прашање, Google на Android Developer сајтот објави детали со измените. Тука се исправки за однесувањето на контрола на гестикулациите, испрака за проблем кој спречуваше тастатурата правилно да се појавува, звукот повеќе не е искривен на некои звучници и друго.
There's a really cool ripple animation effect when you play/pause media now. pic.twitter.com/JygRQbNVTH
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) July 8, 2020
Бидејќи Android 11 е се уште во Beta фаза, постојат проблеми со интерфејсот, Wi-Fi конекцијата, известувањата и друго, а се очекува сето ова да биде исправено до објавата на финалната верзија на оперативниот систем. Повеќе детали се достапни ТУКА.