OnePlus Nord ќе биде претставен на 21. јули, а веќе знаеме некои од карактеристиките на телефонот преку официјални тизери. Сега дојавувачот Еван Блас (@evleaks) објави фотографии кои ни даваат подобар увид во дизајнот на претстијниот смартфон.
Телефонот ќе користи дисплеј со овален отвор за две редни камери, а претходно протечените информации открија дека предните сензори ќе имаат 32MP и 8MP резолуција.
Официјалниот Instagram профил за Nord телефонот преку меме фотографија потврди дека уредот же користи AMOLED дисплеј. Исто така, потврдена е и високата стапка на освежување, а се очекува дека ќе биде 90Hz, со оглед дека е во прашање телефон од средниот сегмент.
На задната страна е видлив систем со четири камери, поставени вертикално во левиот агол, а системот ќе го сочинуваат 48MP главен, 8MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина.
OnePlus претходно потврди дека Nord ќе користи Snapdragon 765G чипсет и дека ќе има OIS – оптичка стабилизација на сликата.