Според наводите на инсајдери блиски до сајтот SamMobile, Galaxy Tab S7+ ќе користи Snapdragon 865+ чипсет, додека 5G верзијата на таблетот ќе поддржува sub-6GHz 5G мрежи. Најрзиот чипсет на Qualcomm ќе биде спарен со 6GB или 8GB RAM и 128GB и 256GB простор за складирање.
Таблет уредот ќе има 12.4-инчен Super AMOLED дисплеј со 2800 x 1752p резолуција, тука е и поддршката за S Pen паметното пенкалце. Претходните извештаи споменуваа дека уредот ќе го напојува 10090mAh батерија, што новите информации го потврдуваат. Покрај ова, Galaxy Tab S7+ ќе користи 45W брзо полнење преку USB PD стандард.
На задната страна на таблетот ќе се наоѓаат две камери, со 13MP и 5MP сензори, додека од предната страна е сместена 8MP селфи камера. Оперативниот систем е Samsung One UI 2.5, заснован на Androidu 10.
Извештајот, исто така, сугерира дека Samsung Galaxy Tab S7+ ќе има сензор за отпечатоци од прсти под екранот, но не е познато дали сензорот е оптички или ултра-соничен.