HyperX ја претстави Alloy Elite 2 механичката тастатура, која е наследник на оригиналниот Alloy Elite модел. Тастатурата ја карактеризираат нови функции, како што се HyperX механичките свичеви, Pudding Keycaps и подобрено RGB осветлување.
Линеарните HyperX Red свичеви за HyperX Alloy Elite 2 се вградени за да бидат брзи и издржливи, со траење од 80 милиони притисоци, 45g, 1.8mm актуација. Свичевите се покриени со Hyper X ABS Pudding Keycaps копчињата, а тука е и „изложениот LED“, кој дополнително го акцентира RGB осветлувањето на копчињата .
Alloy Elite 2 има доделени копчиња за макроа, гејминг мод, тркалце за звук и користи челична рамка која ја подобрува издржливоста. Тука е и USB 2.0 pass-through, N-Key rollover функцијата, како и 100% anti-ghosting.
За прилагодување на тастатурата може да се користи HyperX NGENUITY софтвер, преку кој е можно да се контролира RGB осветлувањето, да се креираат макроа и да се прилагодува гејминг режимот. Тука е и компатибилноста за повеќе платформи, па Alloy Elite 2 преку кабел и USB-A интерфејс може да се поврзе на PC, Xbox One и PS4.
HyperX Alloy Elite 2 тастатурата е достапна во продажба по цена од 160 евра.