NASA соопшти дека во наредните денови покрај Земјата ќе минат пет астероиди. Нема место за паника, астероидите ќе минат на безбедна оддалеченост.
Во текот на викендот покрај Земјата ќе минат два астероиди, 2021 MU1 и 2020 ML, на оддалеченост поголема од 4,3 милиони километри.
Идната недела покрај нашата планета ќе минат уште три астероиди. На 13 јули се очекува да минат 2020 KJ7, 2009 OSS и 2020 MQ, на оддалеченост од 4,5, 6,74 и 6,43 милиони километри.
Само за споредба, Месечината од Земјата е оддалечена 385.000 километри. Системот Sentry го идентификуваше астероидот 2012 HG2, кој се заканува со најблиско минување односно со најголем ризик од судир, пишува Russia Today.
Потенцијалниот судир се очекува меѓу 2052 и 2119 година. Најрано би се случил на 12 февруари 2052 година, но шансите за тоа едноставно се премали. Дури и да биде на пат кон Земјата, најверојатно ќе согори во атмосферата.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли