На корисниците на смартфони со Android оперативниот систем сега им се заканува нова опасност.
Меѓутоа, овој пат не станува збор за малициозни апликации, туку измамниците ги користат старите, добри SMS пораки.
Во прашање е малициозен софтвер наречен Fake Spy, а најмногу се рашири низ Јужна Кореја и Јапонија. Меѓутоа, се чини дека сега се шири и низ Европа.
Омилениот начин на хакерите за ширење на овој малициозен софтвер е преку СМС пораки – најчесто се тоа пораки испратени од поштенска услуга и во нив пишува дека сте имале пратка која не може да ви биде доставена затоа што никој не бил дома.
Потоа, корисникот го повикува да инсталира нова апликација за пошта, а баш таа претставува опасност, затоа што ако е инсталирана, добива пристап до чувствителните податоци на телефонот, како што се лозинки, контакти, меморија, па дури и податоци кои се наоѓаат во апликациите за банки.
Засега, овој малициозен софтвер е забележан во Франција, Велика Британија и Германија, но како што е вообичаено, веројатно нема да му треба многу време да се шири и на остатокот од континентот.
Најдоброто што можете да направите за да се заштитите е да не отворате СМС пораки кои доаѓаат од непознати испраќачи и да не инсталирате апликации кои не доаѓаат од официјалната Play продавница, со оглед на тоа дека таму минуваат низ безбедносни проверки.
Извор: B92.net
Поврзани артикли