Иако Olympus официјално го напушта бизнисот со камери, и натаму им нуди поддршка на корисниците. Овој пат тоа е преку OM-D Webcam апликацијата, која кога фотоапаратот е поврзан со PC преку USB-C конектор, го претвора во стандардна веб камера. Сепак, оваа апликација нема да функционира со сите Olympus фотоапарати.
Софтверот моментно ги поддржува OM-D E-M1X, OM-D E-M1, OM-D E-M1 Mark II, OM-D E-M1 Mark III и OM-D E-M5 Mark II фотоапаратите. Исто така, донесува и некои други ограничувања. Засега не обезбедува пренос на звукот од камерата на компјутер, што значи дека е потребно за целосна комуникација да се обезбеди и некој екстерен микрофон. Покрај тоа, апликацијата е достапна само за PC компјутерите.
Olympus не е единствен производител на камери, кој проба своите производи да ги направи попродуктивни и поупотребливи. Canon исто така поседува апликација, која нивните DSLR, mirrorless и point-and-shoot фотоапарати ги претвора во USB веб камери, а која ја објави во април оваа година. Покрај тоа, и Panasonic во јуни го претстави Lumix Tether for Streaming, софтвер кој нивните GH5, GH5S, G9 и S1 серии фотоапарати го претвора во веб камери.